Креираме Експерти

Edulactica им овозможува на професионалците и бизнисите да растат поврзувајќи ги со знаење, идеи и можности. Ние се залагаме за промени и ве поттикнуваме на иновации и подобрување на вашите знаења преку креирање на обуки кои што одговараат на вашите деловни потреби.

Edulactica се позиционира на пазарот со цел да помогнеме на вашите барања и да ви обезбедиме професионални консултантски услуги. Нашите ексклузивни партнертства со експерти од различни полиња ќе ви помогнат да се справите со деловните прашања и ќе ви помогнат за подобрување на вашите перформанси.

Нашата експертиза им овозможува на бизнисите и професионалците нови можности за раст, правење на нови чекори и носење на подобри бизнис одлуки.

Доколку се соочуваате со тешкотии при реорганизирање на вашиот бренд, екипирање на вашата работна сила со дополнителен сет на вештини или со цел да се проценат компетенциите во рамките на постојната структура, нашето развојно планирање е одлично решение. Преку креирање на моќна содржина воспоставивме одличен начин на градење професионални вештини и компетенции.