Соработката помеѓу Едулактика и АФД – Асоцијација на финансиски друштва

Брзите промени во светот на бизнисот, посебно со развојот на  технологијата, ја наметнуваат потребата за компаниите и нивните вработени истите да ги дочекаат припремени и многу брзо да се адаптираат на промените и да се впуштат во нивна примена и контрола. Со задоволство ја објавуваме соработката помеѓу Едулактика и Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија.

Преку соработката со Едулактика, АФД продолжува на патот кон  остварување на своите цели за унапредување на работењето на небанкарските финансиски друштва и посебно вложување во развојот на човечкиот капитал, истовремено создавајќи одговорна пракса со цел долгорочна соработка и позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот.

Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија ги соединува компаниите за финансиска технологија, исто така позната како FinTech, и други организации кои работат надвор од банкарскиот сектор, давајќи финансиски услуги на жителите на Северна Македонија.

Едулактика им овозможува на професионалците и бизнисите да растат поврзувајќи ги со знаење, идеи и можности преку поттикнување на промени и подобрување на знаењето со креирање на специјализирани обуки кои што одговараат на деловните потреби, а кои се пренесени од врвни експерти во своите области.