Организирана една од најголемите обуки за Спречување перење пари и финансирање тероризам

На 03.03.2021 година Едулактика ја организираше една од најголемите обуки за СППФТ. На обуката присуствуваа повеќе од 50 учесници од банки и штедилници во Република Северна Македонија.

Предавач на обуката беше меѓународен експерт од Република Хрватска кој што ги доближи до учесниците најновите трендови и практики во областа на СППФТ вклучувајќи ги 5-та АМЛ директива, виртуелните средства, припејд картичките, начинот на функционирање на регистарот на вистински сопственици во земји од ЕУ итн.

Со тоа се продолжува целта на Едулактика да се посвети што поголемо внимание на вработените за зголемување на нивните компетенции преку предавања на врвни домашни и меѓународни експерти.

Во иднина Едулактика ќе се стреми на зголемување на бројот на обуките и реализирање на квалитетни обуки преку кои што ќе се влијае на знаењето на вработените а тоа би резултирало со подобрување на перформансите на компаниите што би влијаело и на подобрување на целокупната економија на државата.