Што е енергетска ефикасност и кои се нејзините предности?

Енергетската ефикасност едноставно значи да се користи помалку енергија за да се изврши истата задача – тоа е намалување на потрошената енергија.

Важно е да се нагласи дека енергетската ефикасност во никој случај не треба да се смета за заштеда на енергија. Поточно, заштедата секогаш подразбира одредени откажувања, додека ефикасната употреба на енергија никогаш не ги нарушува работните услови и животните услови.

Енергетската ефикасност носи различни придобивки:

  • намалување на емисиите на стакленички гасови,
  • намалување на побарувачката за увоз на енергија
  • намалување на нашите трошоци на ниво на домаќинства и економија
  • намалена потреба за енергетска инфраструктура и
  • зголемена енергетска безбедност преку намалување на увозот.

Додека технологиите за обновлива енергија исто така помагаат во остварувањето на овие цели, подобрувањето на енергетската ефикасност е најевтиниот – и честопати најнепосредниот – начин за намалување на употребата на фосилни горива. Постојат огромни можности за подобрување на ефикасноста во секој сектор во економијата, без разлика дали се работи за згради, транспорт, индустрија или производство на енергија.

Неефикасната употреба на електрична енергија се зголемува пропорционално со зголемувањето на потрошувачката на електрична енергија, со зголемената активност во стопанството и употребата на застарена технологија. Дополнително, со ова се зголемува неповолното влијание на животната средина и се трошат ресурси што не можат да се повратат, а притоа, следните генерации нема да имаат соодветен пристап до нив.

Европската комисија ја смета енергетската ефикасност како стратешки приоритет за Енергетска унија и ја промовира „енергетската ефикасност “како принцип. Во светски рамки, енергетската ефикасност придонесе за значителна заштеда во потрошувачката на енергија.

Спроведувањето на политиките за енергетска ефикасност е предизвик, а целиот потенцијал на енергетска ефикасност е далеку од реализиран, од финансиски и регулаторните причини. Пречките вклучуваат високи инвестициски трошоци однапред, пристап до финансии, недостаток на информации, поделени стимулации и ефекти на поврат.

Меѓутоа вложената инвестиција денес повеќекратно ќе ви се врати во иднина!!!

Зошто енергетско ефикасни инвестиции за Вашиот бизнис?

  • Намалување на потрошувачката на енергија, а со тоа и намалување на трошоците за енергија
  • Стекнување конкурентска предност со користење на енергетско ефикасни машини и опрема
  • Автоматизација на процесите во работењето
  • Поздрава работна околина
  • Поефикасно управување со ресурсите
  • Поврат на инвестицијата
  • Промена на навиките на однесување на вработените во насока на порационално користење ресурси

Овие придобивки во голема мера придонесуваат за развој на свеста кај луѓето. Со проектот за енергетска ефикасност можни се заштеди на досегашните трошоци, а тоа значи дека инвестициите за зголемување на енергетската ефикасност се исплаќаат. Така што заштедите можат да се пренаменат во задоволување на други потреби и зголемување на конкурентноста на македонските бизниси.

Подобрувањето на енергетската ефикасност не значи само спроведување на технички решенија. Секоја технологија и техничка опрема, без оглед колку е ефикасна, не може сама по себе да донесе резулати доколку притоа не се имплементира во рамки на оптимално решение од страна на содветно образовани луѓе.