Секоја компанија во својот животен век се соочува со најразлични предизвици и проблеми кои имаат потреба да се отстранат или лимитираат. Консталтингот претставува најдобрата и најчесто применувана алатка кај водечките компании, ентитети, држави и други видови правни лица кои имаат една и единствена цел – да бидат подобри и да ја зголемат својата вредност.

Нашите консалтинг услуги се фокусираат на најкритичните области кај една компанија како што се: стратегија, менаџмент, маркетинг, финансии, организација, технологија, корпоративни финансии, проектен менаџмент и човечки ресурси.

Нашите експерти кои имаат долгогодишно искуство во своите области, ги имаат потребните компетенции за пренесување на “know how” и имплементација на најдобрите практики кои што ќе придонесат за значително зголемување на резултатите и надминување на постоечките проблеми во една организација.

Edulactica консалтинг се фокусира на 7 основни цели:

  • Доставување на потребните информации
  • Решавање на проблем
  • Дијагноза, која може да поттикне редефинирање на проблемот
  • Давање решенија врз осова на дијагноза
  • Асистенција при имплементација на предложени решенија
  • Давање обуки за како организациите да се справат со истите проблеми во иднина
  • Трајно зголемување на организациската ефективност