Колку што е поголема употребата на интернетот во секоја смисла, колку што луѓето се повеќе присутни на интернет, колку се повеќе бизнисот се сели на интернет, толку и криминалците се зафатени од тој бран и тие се селат на сајбер светот.

Македонија не е исклучок од светските трендови.

Со толку многу деловни функции кои што се извршувааат преку дигиталните уреди овие денови, од развој и планирање на производи, до комуникација помеѓу тимови, продажба и маркетинг, финансии и човечки ресурси, неверојатно важно за бизнисите е да обезбедат нивните системи да функционираат безбедно.

Брзиот развој на технологијата и комуникацијата овозможуваат парите со голема брзина и леснотија да се движат насекаде низ светот.

Ова ја прави задачата за борба против перењето пари потешка од било кога.

Голем број на економски анализи укажуваат на заклучок дека силните институции за финансирање во земјите во развој – како што се банките и небанкарските финансиски институции – се едни од клучните елементи за економскиот раст.

Таквите институции овозможуваат концентрација на капиталните ресурси од домашните заштеди – па дури и средства од странство – и ефикасно распределување на таквите ресурси за инвестициски проекти што создаваат одржлив економски развој.

Доколку сакаме да спроведуваме ефикасна борба во процесот против перењето пари мораме се повеќе да гледаме кон новините во Европа и светот, и да се приклучуваме кон технологијата која што тие почнуваат да ја користат.

Криминалците никогаш не спијат и се секогаш еден чекор пред сите. Истите постојано бараат нови начини и нови методи како да ги измамат властите, финансиските институции и нивните системи.

Овие курсеви се целосно интерактивни и им овозможуваат на учесниците да постигнат максимални резултати.

Покрај нашите предавања и примери, учесниците се поканети да презентираат свои случаи и сценарија, каде што може да се одговори на прашања и да се решат сомнежите.

Исто така, ќе има активности на тимот, студии на случај, квизови и практични примери за дискусија.

Закажете бесплатни консултации!!!

Пренесувањето на знаење од врвни експерти на иновативни начини преку доживување на нови искуства секогаш резултира со значително подобрување на вашето и знаењето на вашите вработени.

Добијте бесплатни консултации преку пополнување на формата Закажете состанок!

Обуки кои што овозможуваат најдобар фокус на она што се предава и можност за градење на односи со предавачот и останатите учесници. Обуките се одржуваат на локации кои што ќе ви ги предложиме а нашите експерти ќе ви пренесат знаење кое што ќе ви биде исклучително искуство и ќе ги зголеми вашите компетенции според најпотребните стандарди на денешницата.

Економично решение кое што нуди можност за оптимизирање на буџетот за обука. Сесиите за обука се изработени според специфичните потребни на вашите вработени и според вашите желби за време и локација. Со In- house training вработените не треба да излегуваат и да се враќаат на работа губејќи значително време. Трошоците за овие обуки на овој начин значително се намалуваат. Обуките се прилагодени според најновата глобална индустрија, стандарди и деловни барања.

Се случуваат во реално време и се интерактивните курсеви преку Интернет кои што ги водат експерти кои вклучуваат практични примери, симулации и дискусии за да го зголемите вашето знаење. Со најавување во виртуелна училница, учесниците учествуваат во интерактивен курс, користејќи ја нашата аудио-визуелна обука преку Интернет платформа. Нашиот мешан пристап за учење комбинира виртуелни методи во училница со активности за формирање на Интернет интегриран пристап.